Македонска пошта дел од евровизиската разгледница за Даниел Кајмакоски
Приказната за овогодинешната евровизиска разгледница е под слоганот „Градиме мостови“.
Токму поради тоа поштите од сите 40 земји учеснички на Изборот се вклучени во реализација на евровизиските разгледници, како организации кои ги поврзуваат земјите и народите.
Македонска пошта беше дел од снимањето на разгледницата за нашиот евровизиски претставник Даниел Кајмакоски во соработка со Македонската телевизија.