Презентирани резултатите од работењето на Македонска пошта за 2015 год.

Денес во присуство на членови на Надзорниот одбор, Управниот одбор, високи претставници од Агенцијата за пошти и преставници на средниот менаџмент на АД „Македонска пошта“ – Скопје, генералниот директор на АД „Македонска пошта“ – Скопје Фаадис Реџепи ги презентираше реализираните активности и постигнатите резултати во 2015-та година, при што го истакна следното:   Реализираното е…

Промовирани поштенските марки посветени на Ибрахим Темо и Али паша Тепелена

Денес во просториите на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците беа промовирани поштенските марки – 150 години од раѓањето на Ибрахим Темо и 275 години од раѓањето на Али паша Тепелена. Во таа прилика генералниот директор на Македонска пошта, г.Фаадис Реџепи истакна:„ Македонска пошта како компанија која ги почитува културните и историските вредности…

Одржан првиот Поштенски маратон под покровителство на Македонска пошта

Под покровителство на АД „Македонска пошта“ на 01.11.2015 год. во Прилеп се одржа првиот Поштенски маратон. Во таа прилика генералниот директор на компанијата, г.Фаадис Реџепи истакна: „Го изразувам моето задоволство дека првиот Поштенски маратон под покровителство на Македонска пошта заврши со успех, а уште поголемо е задоволството оваа убава спортска манифестација да стане традиционална и…

Продлабочување на соработката со Пошта Албанија

На 10 септември 2015 година, генералниот директор на Македонска пошта  г. Фаадис Реџепи беше во службена посета на Пошта Албанија. Целта на посетата беше продлабочување на соработката и размена на искуства помеѓу двете компании. За време на состанокот со генералниот директор на Албанската пошта г. Мајлинд Лазими  се разменија информации за тековните активности на двете…

Македонска пошта ја достави хуманитарната помош

„Неделата на хуманост“ што ја организираше Македонска пошта во соработка со Црвениот крст на РМ заврши успешно. Во текот на вчерашниот ден, 17.08.2015 год., во магацинот на Општинската организација на Црвен крст во Тетово беше предадена хуманитарната помош која изнесува над 3000 кг. и во најголем дел е од вработените на Македонска пошта. Покрај собраните…

Македонска пошта донираше хуманитарна помош

Во текот на вчерашниот ден претставници од Мкедонска пошта ги посетија поплавените подрачја во тетовскиот крај – Шипковица, Голема и Мала Речица. Да донираме за настраданото население од поплавите во тетовско и да ја покажеме нашата хуманост! „Денеска дојдовме за да ја споделиме болката со семејствата и да им помогнеме донирајќи пакети со прехранбени продукти. …

Започна „Неделата на хуманост“ на Македонска пошта

Претставници на Македонска пошта предводени од генералниот директор Фаадис Реџепи во текот на вчерашниот ден остварија средба со градоначалникот на општина Тетово, г-ѓа Теута Арифи. За време на средбата,  генералниот директор ги информираше претаставниците на општина Тетово за „Неделата на хуманост“ што започнува од денес – понеделник 10 август и ќе трае до 15 –ти…

Хуманитарна акција на Македонска пошта

Македонска пошта како општествено одговорна компанија која секогаш кога е потребно ја покажува својата хумана страна и овојпат се вклучува во хуманитарната акција за помош на настраданите во тетовскиот регион. Почнувајќи од 10.08.2015 год. (понеделник) па се до 15.08.2015 год. (сабота) АД „Македонска пошта“ прогласува „Недела на хуманост“. Во соработка со Црвениот крст на Република…

Одбележан денот на поштенските работници 22 април

Со награди за најдобрите пошторазнесувачи и шалтерски работници и на вработените кои работат 15 и 30 години, во Македонска пошта беше одбележан „Денот на поштенските работници на Македонија – 22 април“. „Верувам дека за секој од нас постојат нови можности и нови предизвици, постојат многу врати кои треба да ги отвориме за да донесеме добра…