Благодарение на широката мрежа на поштенски единици на целата територија на Република Северна Македонија, АД „Пошта на Северна Македонија“ е најголем и најдостапен давател на финансиски услуги во целата земја. Финансиските услуги АД „Пошта на Северна Македонија“ ги извршува врз основа на склучени договори со Халк банка АД Скопје, и истото го извршува во име и за сметка на оваа деловна банка.