Share the post "Промовирана поштенската марка „75 години од раѓањето на Мухамед Али“"
Промоцијата на поштенската марка „75 години од раѓањето на Мухамед Али“ се поклопува со боксерските мечеви од второто коло на мкедонската боксерска лига. Прмовирајќи ја поштенската марка, генералниот директор на Македонска пошта г.Фаадис Реџепи рече: „ Бирото за филателија на Македонска пошта одбележува значајни личности и настани од домашната и светска јавност. А, спортот е тема која секогаш предизвикува големо интересирње кај колекционерите. Несомнено, боксерската легенда Мухамед Али е една од личностите кои со право се наоѓаат на поштенската марка, во издание на Бирото за филателија на Македонска пошта.
Марка која ќе биде дел од богатите филателистички колекции, како на домашните така и на светските филателисти, кои како страствени колекционери сигурно би сакале да го имаат и ова парче хартија. Посакувам неговите вредности да бидат патоказ за сите млади боксери во развојот на нивните кариери, потенцираше генералниот директор Реџепи. На промоцијата присуствуваа и градоначалникот на Општина Чаир г. Изет Меџити и претседателот на боксерската федерација Игор Златков.
Поштенската марка „75 години од раѓањето на Мухамед Али“ со номинална вредност од 86 ден. и тираж од 6003 примероци е дело на дизајнерката од Бирото за филателија Лариса Живковска Донев.