1. Поштенска упатница
Со поштенска упатница можете да испратите пари на која било адреса во Република Северна Македонија.
Во најблиската поштенска единица пополнете образец – поштенска упатница и паричните средства ќе му бидат доставени на примачот на неговата домашна адреса. Ако при доставата примачот не се затекнал на назначената адреса, ќе му биде оставено известување со информација во која поштенска единица и во кој рок ќе може да ги подигне паричните средства.
На една поштенска упатница може да се испратат до 12.000,00 денари.
2. Електронска упатница
Електронската упатница е најбрз и најсигурен трансфер на пари во готово, со најниска провизија во земјава. Уплатата и исплатата на паричните средства е во истиот момент.
На поштенскиот шалтер побарајте е-упатница, уплатете ги средствата, соопштете му го бројот на упатницата на примачот и парите ќе му бидат исплатени на примачот во истиот момент, во која било пошта во Република Северна Македонија.
На една електронска упатница може да се испратат до 15.000,00 денари.
Ценовник за уплата на поштенска и електронска упатница:
– за износ до 1.000,00 денари провизијата е 30,00 денари;
– за износ од 1.001,00 – 3.000,00 денари провизијата е 50,00 денари;
– за износ од 3.001,00 – 6.000,00 денари провизијата е 80,00 денари;
– за износ од 6.001,00 – 9.000,00 денари провизијата е 100,00 денари;
– за износ над 9.001,00 денари провизијата е 150,00 денари.
3. Western Union
Доколку треба брзо да пратите пари каде било во светот, Пошта ви нуди услуга – брз трансфер на пари Western Union.
Преносот на парите се врши и во внатрешниот и во меѓународниот промет.
Оваа услуга ја вршат единствено поштенските единици 1000 Скопје и 6000 Охрид.