АД „Пошта на Северна Македонија“ е национален поштенски оператор и поштенските услуги кои ги нуди опфаќаат прием, насочување, пренос и врачување на поштенски пратки во внатрешен и меѓународен поштенски сообраќај.
Универзалните поштенски услуги се даваат на целата територија на државата под исти услови за сите корисници. Цената и квалитетот на достава се исти без оглед на приемната и одредишната пошта.
АД Пошта им обезбедува на корисниците и низа услуги надвор од универзалната како и други услуги.