Пратки за кореспонденција
Пратка за кореспонденција претставува комуникација во писмена форма на било каков физички медиум која треба да се пренесе и достави на адресата означена од испраќачот на самата пратка.
Во пратки за кореспонденција спаѓаат:
– Писмо
Писмо претставува пратка за кореспонденција во затворен плик, со следните карактеристики:
Писмото мора да биде затворено на начин кој овозможува целосна заштита на содржината од можни повреди, оштетувања или намалување на содржината во тек на преносот, како и заштита од намалување или оштетување на содржината без однадвор видлива повреда.
Димензии на писмо
Писмото треба да ги има следните димензии:
– збирот на должината, широчината и височината да не биде поголем од 90 см, со тоа што, најголемата од тие димензии не може да биде поголема од 60 см.
– Ако писмото има облик на валјак , должината и двата пречника не можат да бидат поголеми од 104 см, со тоа што, најголемата од тие димензии не може да биде поголема од 90 см, односно збирот на должината и двата пречника не може да биде помала од 17 см, а должината на писмото не може да биде помала од 10 см.
– Најмалите димензии на адресната страна на писмото не можат да бидат помали од 14 х 9 см.
– Поштенска картичка
Каде и да се наоѓате, јавете се на своето семејство и пријателите со поштенска картичка или разгледница. Македонска пошта ќе се погрижи вашиот шарен сувенир сигурно и брзо да стигне до одредиштето.
Поштенска картичка е пратка со отворено пишано соопштение. Изработена е од картон или од доволно цврста хартија во форма на правоаголник. Како поштенски картички се сметаат сите видови разгледници кои одговараат на условите предвидени за поштенски картички.
Димензии на поштенска картичка
Поштенските картички и разгледници имаат правоаголен облик со следните димензии:
-најголеми димензии на поштенска картичка се 15 х 10.5 см,
– а најмалите 14 х 9 см
Како поштенски картички се сметаат сите видови разгледници кои одговараат на условите предвидени за поштенски картички.
Поштенската картичка која во поглед на димензиите ги исполнува пропишаните услови се смета како стандардизирана поштенска картичка.
Поштенската картичка која не ги исполнува условите предвидени со одредбите на овој член, се смета како писмо.
Рокови за обезбедување на услугата
Македонска пошта вашите пратки од внатрешен поштенски сообраќај ќе ги пренесе во рок од еден ден (D+1) или во рок од три работни дена (D+3).
Роковите за обезбедување на поштенските пратки во меѓународниот сообраќај се различни во зависност од оддалеченоста на одредишната земја и објавените стандарди на одредишните земји.
Поштенските пратки за земјите во Европа треба да се пренесат во рок од 3 работни дена (Д+3), или најдоцна од пет работни дена ( Д+5) .
Денови во кои роковите не течат, се сметаат:
– ден на прием на пратката;
– ден кога поштата не работи;
– денови на доцнење заради неточна или недоволна адреса на пратката;
– денови на доцнење заради виша сила;
– денот на прием и денот по денот на прием на пратката, доколку таа била предадена
најдоцна до означено време за прием на поштенската пратки во точки за пристап.