Во поштенските единици на АД „Пошта на Северна Македонија“ платете ги своите режиски трошоци, вклучувајки сметки за:
- Греење,
- Вода,
- Електрична енергија,
- Кабелски оператори
АД „Пошта на Северна Македонија“ им нуди на правните лица комплетна услуга на наплата на нивните сметки. Услугата опфаќа наплата и електронски пренос на податоците за наплатените сметки за потребите на книжењата на правните лица.
Услугата се врши врз основа на договор за деловна соработка со правното лице во кој детално се дефинирани условите и цената за услугата за секое правно лице поединечно.
Посетете ја АД „Македонска пошта“ и едноставно и брзо платете ги сите свои сметки во која било поштенска единица.