АД „Пошта на Северна Македонија“ во име и за сметка на Халк банка АД Скопје, преку својата деловна мрежа ги врши следните услуги од домашниот платен промет.
- готовински уплати
- исплати на пензии на коминтенти на Халк банка
- безготовински плаќања помеѓу учесниците во домашниот платен промет (за физички и правни лица депоненти на Халк банка Скопје).
Рокови за извршување на налозите примени во Пошта
Прием и обработка на налозите (платните инструменти) се врши во тек на работното време на поштенските единици (од 07-19 часот), освен во поштенски единици кои работат само една смена, па приемот и обработката на налозите се врши во согласност со работното време на поштенската единица.
Времето на извршување (реализација) на налозите зависи од времето на прием на налозите во поштенската единица.
Налози примени во корист на трансакциски сметки на Халк банка АД Скопје (интерни налози) се извршуваат истиот ден.
Налози кои се порамнуваат преку КИБС
Налози примени и авторизирани во поштенската единица до 14.00 часот во корист на трансакциски сметки на други деловни банки се извршуваат истиот ден, додека налозите на другите банки примени и авторизирани во поштенската единица после 14.00 часот се извршуваат наредниот работен ден.
Налози кои се порамнуваат преку МИПС
Доколку налозите се примени и авторизирани во поштенската единица до 16.00 часот се извршуваат истиот ден, а доколку се примени и авторизирани по 16.00 часот се реализираат следниот работен ден.
Објаснување:
- КИБС (Клириншки интербанкарски системи) – систем за одложено нето порамнување (ДНС) за обработка на плаќањата со мала вредност;
- МИПС МИПС (Македонски интербанкарски платен систем) – систем за бруто порамнување во реално време (РТГС) за обработка на плаќањата со голема вредност и итните меѓубанкарски плаќања;