Share the post "Известување по повод написи во медиумите „Македонска пошта“ ги уценува вработените за регрес за годишен одмор"
Почитувани,
Македонска пошта е општествено одговорна компанија која води сметка за јавното добро, а заедно со тоа води особена грижа и за своите вработени, нивната благосостојба, свесни дека вработените се една од најважните алки за нормално работење и развој на компанијата, а бенефитите од тој развој на крај пак ќе бидат за вработените и општеството.
Поради тоа, раководството на Македонска пошта најодговорно пристапи и кон исплата на регрес за годишен одмор, или популарниот К15. Овие активности се координираат со синдикалните организации на вработените во Македонска пошта.
Како резултат на сериозниот пристап кон прашањето за регрес за годишен одмор, регрес се исплати во 2016, а се прават последните подготовки регрес за годишен одмор за 2017 год., да се исплати на почеток на месец јули 2017 год.
Факт е дека по ова прашање наидуваме и на различни ставови меѓу вработените, но уверени сме дека тоа што им го нуди менаџментот на вработените, а за кое има поддршка и од двата репрезентативни синдикати во Македонска пошта е најдоброто за вработените и компанијата.
Вонсудските спогодби кои им се нудат на вработените кои тужат за регрес за годините пред 2016 год. се во насока индивидуалното право да го реализираат по пат кој ќе биде со помалку трошоци за Македонска пошта, избегнувајќи адвокатски и други трошоци. Ваквиот пристап во никој случај не е против вработените, туку со ова предлог – решение засегнати се адвокати на кои им се ускратува можноста да ги остварат нивните комерцијални цели на штета на АД „Македонска пошта“ и вработените.
Отворената и директна комуникација на раководството на Македонска пошта и претседателите на синдикалните организации на Пошта во никој случај не може да се смета за притисок врз нив. Синдикалните организации застанаа со вработените на Македонска пошта кои планираат да тужат, пред да го направат тоа, да ги овластат за да ги претстават при реализација на барањата, не со цел ускратување на право, туку избегнување на адвокатски и судски трошоци.
Менаџментот на Македонска пошта има искрени намери, максимално е ангажиран по прашањето за исплата на регрес за годишен одмор и таа намера е препознаена и од синдикалните претставници, и поради тоа ја даваат нивната поддршка.
Веруваме дека и тие вработени на Македонска пошта кои гледаат со недоверба на прашањето за регрес, за брзо време ќе бидат уверени во спротивното, дека единствени кои ќе губат од ваквиот начин на решавање на прашањето за регрес ќе бидат индивидуалци кои се надвор од Пошта и најмалку се загрижени за интересите на вработените и иднината на Компанијата, а единствено ги гледаат нивните комерцијални интереси.
Со почит,
АД „Македонска пошта“